Бегалци-заложници причина за акцијата во Липковско-арачиновскиот регион?

Безбедносни извори за телевизија Телма тврдат дека на терен во липковско има само „проверка на локации и претрес на терен и на напуштени објекти долж граничната линија која е прогласена за кризно подрачје“. Од МВР претходно потврдија дека има повеќе блокади кај селата Арачиново, како и контроли во близина на повеќе села во липковско. 

Вчера во реонот на Ваксинце се пронајдени мигранти кои неколку дена биле држени од непозната вооружена група, тврдат безбедносни извори за Телма.

Претходно повеќе медиуми шпекулираа дека полициската активност во Липковско и во Арачиново е предизвикана од потрага по вооружена косовска група чии припадници се блиски на терористите обвинети за Диво Насеље.

Од МВР ги негираа овие шпекулации и тврдат дека ситуацијата е под контрола. 

 
 
25.03.2016 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега