Ќе се гради мост кај реката Брегалница во Зрновци

Ќе се гради мостот на реката Брегалница кој настрада во поплавите во февруари минатата година и кој општината Зрновци ја поврзува со Кочани и источна Македонија.
 
Како што информира градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, мостот ќе се гради со средства од УНДП од програмата за користење средства за помош на поплавените подрачја кои настрадаа во минатата година.
 
- Ќе се гради сосема нов мост  со пошироки димензии на местото на постојниот кој ќе се сруши. Тендерот е веќе распишан и се очекува   по итна постапка за биде завршен. Според најавите мостот се очекува да започне да се гради во средината на мај годинава. Вкупната вредност на новиот мост се очекува да изнесува еден милион и 500 илјади евра, истакнува Станков.
 
Жителите на општина Зрновци иако забранет за сообраќај поради оштетувањата  го користат мостот за да поминат пеш или пак со лесни возила. Сообраќајот за тешки моторни возила се одвива од преку Виница. Со изградбата на новиот мост се очекува да биде решен проблемот на жителите од Зрновци, Мородвис и Видовиште за поврзување со Кочани и останатиоте градови од овој дел на државата. 
 
 
26.03.2016 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега