Постојаните средби на Груевски со граѓаните даваат резултати, нови патишта, игралишта, канализации во радовишко

Се излезе во пресрет на повеќе барања на жителите на радовишко при минатонеделната посета на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и владините министри од редовите на владејачката партија. Нови игралишта, уредување на речните корита, нови канализациони системи и патишта се само дел од проектите кои се реализираат или чие исполнување ќе започне во наредниот период.

gruevski radovis

Жителите на село Подареш од Груевски и градоначалникот Николов  побараа ново игралиште за најмладите и тоа беше договорено да започне да се гради до крајот на годината.

Истовремено се одговори на уште едно клучно барање на жителите на ова радовишко село. Се започна да се гради патот меѓу Подареш и Калугерица што ќе значи и поврзување со регионалниот пат Струмица Радовиш. Се работи на терен на овој потполно нов пат чија инвестиција изнесува половина милион евра.

Уште едно суштинско ветување е исполнето со изградбата на мостот на река Стара кој беше урнат од последните поплави. Сега е изграден потполно нов мост кој ги поврзува селата Злеово и Покрајчево и се поврзува со регионалниот пат Струмица Радовиш. Дополнително беше направен и патот на овој потег.

Во радовишките села Калуѓерица и Воиславци се инвестираат над милион евра за изградба на фекална канализација и за подобрување на патната инфраструктура. Истовремено на барање на жителите ќе се направи и проект за комплетна регулација на речното корито на река стара преку средства кој ќе се обезбедат од АД Водостопанство.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски на жителите им посочи дека покрај решавањето на инфраструктурните проблеми, главниот фокус останува економијата и отворањето на нови работни места при што до сега се забележани добри резултатити.

 
 
26.03.2016 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега