ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед им го честита Велигден

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита големиот христијански празник – Велигден и им посакува мигови на  радост, спокој и љубов во секој дом.

- Нека божјата порака и во иднина биде потсетување, да бидеме исправни пред себе и пред својот БОГ, да бидеме чесни и праведни, да се сакаме, да простуваме, да помагаме и да создаваме убави и позитивни дела за земјата. Љубовта, толеранцијата и соживотот нека бидат патоказ на ширењето на христијански вредности и светлина за да ги надминеме сите предизвици, се вели во честитката.

Промовирањето на вредностите, како што истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, помага во градењето на стабилна и просперитетна држава, меѓусебното почитување, како што постоело со векови меѓу луѓето и е добар пример дека со секој чекор треба се покаже широчина, толеранција и разбирање. - Тоа ќе помогне и во напредокот на државата на секој план и секое поле, се додава во честитката од ВМРО-ДПМНЕ

 
 
27.03.2016 - 11:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега