„Празнувајќи го големиот празник – Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта“

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

– Празнувајќи го големиот празник – Велигден, ја славиме победата над смртта и триумфот на љубовта и надежта. Христовата жртва е завет за генерациите кои ја продолжуваат пораката за соживот и слога, за разбирање и мир. Христовото воскресение нè учи дека вербата и надежта нè прават човечни. Затоа, да останеме и понатаму обединети во духот на промовирањето на вистинските вредности кои ќе придонесат во зацврстувањето на меѓусебната доверба и почит, како основа за просперитетна иднина на нашата земја, стои во честитката од претседателот Иванов.

 
 
27.03.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега