Спасов: Со повеќе мерки и проекти им помагаме на социјално ранливите категории

Во 2006 година наследивме уништена економија, голема стапка на невработеност од 38%. Периодот на владеење на транзициските политичари остави многу луѓе и семејства во социјален ризик и тешка материјална положба. Република Македонија е социјална држава каде секој граѓанин има право на достоинствен живот. Оттука си поставивме за приоритет да со повеќе мерки и проекти да помогнеме на социјално ранливите категории да ја надминат сиромаштијата, истакна Диме Спасов на денешната прес-конференција.

-Од 2006 континуирано се зголемуваа правата од социјалната заштита како социјалната парична помош која во просек од 2006 година до 2015 година се зголеми за 61,8%. Ја зголемивме и постојаната парична помош во изминативе девет години 60,5%. Го зголемивме и правото на помош и нега од друго лице како подршка за лицата кои не се во можност сами да се грижат за себе. Од 2006 година до 2015 година ова го зголемивме за 32,7%. Дополнително како подршка на социјално ранливите категории го превзедовме проектот Отпис на долгови на граѓани од ранливи категории при што се отпишуваа долговите на корисниците на социјална помош и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа подолго од 12 месеци и лицата кои се изложени на социјален ризик поради смрт на брачен другар или инвалидност или потешка болест настанати во последните пет години. Во рамки на овој проект донесени се 14.869 одлуки за отпис на долгови и отпишан е долг во износ од 1.798.493.393 денари, потенцираше Спасов.

Од 2010 година, потсети Спасов, го реализираме проектот Заштита од енергетска сиромаштија кој предвидува секое семејство корисник на социјална парична помош секој месец да добива неповратни финансиски средства за покривање на дел од трошоците за потрошена енергија.

-Правото на заштита од енергетска сиромаштија во 2010 година изнесуваше 600 денари месечно, а во јули 2015 година изнесува  800 денари месечно. Од истата година започнавме со финансиска подршка во износ од 12.000 денари годишно на учениците во средното образование кои доаѓаат од социјални ранливи семејства а кои редовно ја посетуваат наставата. Домаќинствата кои се наоѓаат во социјален ризик и се корисници на социјална и постојана парична помош од 2014 година се ослободени од плаќањето на радиодифузна такса.

Наша цел е, додаде тој, активното вклучување на невработените лица во социјален ризик на пазарот на труд.

-Тие се опфатени како посебна категорија во проектот „Македонија вработува“ кој што генерираше над 15.200 работни места до сега. потоа и во неколку мерки од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување. Во тој контекст ја донесовме и мерката за вработување на 1.600 лица во јавната администрација од социјално загрозени семејства како и Програмата Д-10  за вработување на лица кои до 18 годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа преку која досега се вработија вкупно 143 лица, потенцираше Спасов.

 
 
27.03.2016 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега