Весна Дедиќ ја промовираше својата нова книга во Скопје

Авторката на „Балканска улица“, Весна Дедиќ денеска ја промовираше својата нова книга во Скопје во книжсрницата Академска книга. Промоцијата беше во организација на Скендеровски продукција .

„Моите дела се главно наменети за женската публика но знам дека ги читаат и мажи. Јас како новинар и писател знам дека ако читаш некое дело или гледаш претстава а притоа не уживаш односно не се насмееш или расплачеш, тогаш сигуирно ти било многу досадно. Можат критичарите да кажат дека некое дело е врвно, но ако не го допре твоето срце, тогаш тоа нема никаква вредност“, рече авторката на промоцијата. 

 

 
 
27.03.2016 - 17:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега