Отворено ново основно училиште во битолското село Поешево

Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески денеска во селото Поешево на свечен начин го пушти во употреба новото основно училиште.

Најновата инвестиција во сферата на образованието, посочи Талески, е на барање на жителите на битолското село Поешево.

- Зградата во која што порано се наоѓаше училиштето беше руинирана. Но, по барање на месното население решивме да изградиме ново училиште. Се работи за објект кој што претставува монтажна комбинација, објект кој што има цврста арматура, долга гаранција, нова дограма, решен е начинот на греење, има нов мебел. Веќе пристигнуваат и донации за модернизирање на просторот. Ние во меѓувреме сме во потрага на изведувач кој што ќе го уреди и дворот, истакна Талески.

Вредноста на инвестицијата изнесува 2,5 милиони денари, а објектот ќе биде дополнет и со надворешни содржини кои ќе го разубават просторот, како мултинаменско игралиште со детски реквизити, а ќе се направи и оградување на просторот и хортикултурно уредување.

 
 
29.03.2016 - 17:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега