Следува убава пролетна недела - температури до 26 степени

Времето утре ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималните температури ќе се движат од 1 до 6 степени, а максималните од 17 до 23 степени целзиусови.

Утре во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб јужен ветер. Утринска температура околу 4, дневната до 21 степен.

 

Наредните денови следува период на стабилно, суво и топло време. Утринските температури насекаде ќе бидат позитивни, а дневните на повеќе места ќе надминуваат 20 степени. Најтопло се очекува во петок и сабота, кога максималната температура ќе се движи од 20 до 26 степени.  

 
 
29.03.2016 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега