Грција и Хрватска бараат готвачи за сезонска работа: Плата над 1.200 евра

 

Грција, Унгарија и Хрватска се најатрактивните дестинации за македонските созонски работници, Како што се ближи летото така се повеќе млади размислуваат одморот да го поврзат со работата па назад во Македонија да се вратат со некој денар повеќе.
Според понудите на пазарот на труд во земјите од Европа најбарани се готвачите. Овие кадри во Грција месечно се плаќаат по околу 1.200 евра, Во Унгарија околу 800 а во Хрватска 1.000 евра. Хрватите бараат и пасош на некоја од земјите членки на Европската Унија но во екот на сезоната вработуваат и на црно.
Келнерите се втората најбарана категорија работници. Во Унгарија има плаќаат по околу 500 евра месечно, во Грција 800, а во Хрватска околу 700 евра. Бакшишот е плус на заработката.
На Грците им требаат и собарки. Според инфрмациите кои ги пренесуваат грчките веб портали месечната плата за нив изнесува 7000 евра, а толку од прилика би зеле и во Унгарија и Хрватска.
За секое од работните места, покрај плтата, работодавецот обезбеедува и престој и храна.

 
 
29.03.2016 - 22:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега