Во прекин сообраќајот меѓу Кичево и Охрид

На патниот правец А2 Кичево – Охрид на делот Пресека – село Врбјани утре меѓу 13 и 15 часот сообраќајот ќе биде во прекин, соопшти АМСМ.

Причина за прекинот кој ќе трае 15 – 20 минути, е изведување работи на пат.

 

Сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива без забрани, по суви коловози. Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово, Кочани-Делчево и Ресен – Буково каде е можна почеста појава на одрон

 
 
29.03.2016 - 22:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега