Груевски: Кон крајот летото нов мебел во студентските домови

Набавката на опремата за студентските домови во делот на мебелот е во подготвителна фаза, рече денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

- Министерството за образование, откако ова беше дадено како ветување од страна на Владата кон крајот на минатата година, ги презема сите потребни мерки за објавување на набавката. Во овој период се изврши фазата на истражување на пазарот по што се бара согласност од Советот за јавни набавки. Министерството ја очекува согласноста во наредните 10-15 дена, по што ќе го објави јавниот повик за набавувач на мебелот за студентските домови, рече Груевски.

Потсети дека кон крајот на минатата година било дадено јавно ветување дека во сите државни студентски домови комплетно ќе биде заменет мебелот, што значи кревети за студентите, плакари, бироа, столици...

- Подготвителната фаза е во завршница и некаде во текот на април треба да се објави јавниот повик, да се повикаат потенцијалните набавувачи/добавувачи и до крајот на летото да биде завршена набавката и целиот нов мебел да се најде во сите државни студентски домови како што дадовме ветување кон крајот на минатата година, изјави Груевски, кој денеска присуствуваше на промоцијата на книги од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. 

 
 
30.03.2016 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега