СЈО во акција: Грујовски во притвор - Верушевски на слобода

Жалба на одлуката на Судијата на претходна постапка во врска со притворот за Горан Грујевски поднесе одбраната, потврдуваат за Press24 од скопскиот Кривичен суд. Според постапката, жалбата веќе е испратена за одговор до Специјалното јавно обвинителство по што, Кривичниот совет има рок од 48 часа да донесе одлука по неа.

Експертите велат дека станува збор за чудна одлука на судијата Јован Лазаревски, особено ако се има предвид дека тој претходно го отфрли барањето за претрес со образложение дека СЈО нема правна надлежност за предметот. Во текот на вечерта, го разгледуваше барањето за притвор и одлучи по него. Што во тие неколку часа влијаело врз судијата да ја смени одлуката, се уште нема информации.

Граѓаните се револтирани. Велат дека Катица Јанева преку овој предмет им се одмаздува на луѓето кои го открија Верушевски и неговиот план.
Токму првото барање кое Јанева го поднесе по стапувањето на функција беше барање Верушевски да биде ослободен од притвор. Барањето дојде и покрај фактот што во предметот кој се води против екс директорот на ДБК и прво осомничен во аферата Пуч има веќе една пресуда во која осудениот се спогоди со судот и призна дека по налог на Верушевски незаконски прислушувал.

 
 
31.03.2016 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега