МИОА: Манипулации тврдењата на Кирацовски за проектот „Компјутер за секое дете“

 

Паушални и тенденциозни се денешните тврдења на дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски за проектот „Компјутер за секое дете“, оценува Министерството за информатичко општество и администрација во реакција на прес-конференцијата на Кирацовски.

Наспроти изнесените невистини и манипулации, нагласува МИОА, стојат фактите.

- Факт е дека проектот „Компјутер за секое дете“ претставува најголемата инвестиција во образованието во последните 20 години. Факт е дека проектот овозможи комплетно да се промени сликата на училниците во Македонија. Со овој проект основните и средните училишта добија компјутери и опрема кои го целосно го променија начинот на одвивње на наставата. Проектот овозможи да се зголеми дигиталната писменост кај учениците од најмала возраст и преку пристап до онлајн и мултимедијални образовни содржини да се развие концептот  на интерактивно учење. Имплементацијата на овој проект ја позиционираше Република Македонија како една од земјите-лидери во светот во овој сегмент, се вели во реакцијата.

Од МИОА му порачуваат на дополнителниот заменик Кирацовски дека „залудно се обидува да урне нешто што било градено со многу труд и посветеност, особено кога се работи за проект во кој биле вклучени стотици инженери, проектанти, наставници, и кој и ден денес се користи од стотина илјади ученици ширум државата“.

- Факт е дека Државниот завод за ревизија, според последното стручно ревизорско мислење, подготвено согласно меѓународните стандарди, работењето на Министерството во сите материјални аспекти, вклучително и реализацијата на посочениот проект, го оценило дека е во согласност со релевантната законска регулатива, упатствата и воспоставените процедури, со што во целост ја демантира манипулацијата на дополнителниот заменик министер Kирацоски, наведува МИОА во реакцијата.

 
 
31.03.2016 - 18:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега