Кое свинско месо е најквалитетно во македонските месарници и во маркети?

Денеска на македонскиот пазар за храна сѐ повеќе се појавуваат производи кои се увезуваат од странство и кои се со пониски цени од оние на домашните произведувачи. Поради слабата куповна моќ на македонскиот купувач најчесто главен критериум за избор при купувањето е цената, а не квалитетот, но дали всушност знаете што купувате?

Најсигурен избор е да се купува домашно, македонско, свежо свинско месо, бидејќи само тогаш, можете да бидете сигурни дека:

– Свинското месо е произведено по највисоки стандарди – Македонските свињарски фарми применуваат современи и модерни технолошки решенија. Домашните свињите се селекционираат и генетски унапредуваат во однос на економски најзначајните особини врз основа на ЗОПОД (Заедничка основна програма за одгледување на добиток). Генетскиот прогрес се шири со помош на супериорни репродуктивни методи (В.О.). Свињите се одгледуваат низ технологија која овозможува висока ефикасност и постојано намалување на производните трошоци, по стандарди еднакви на оние во развиените земји.

- Месото е сигурно и постојано се води грижа за благосостојбата и здравјето на свињите – Во организираните свињарски фарми се води постојана грижа за биосигурноста, превентива од заразните болести на свињите, контрола на здравјето, како и унапредување на принципите на благосо-состојба на животните за кои што се грижат. Современите решенија водат особена сметка за удобноста на држењето на свињите и соодветна контрола на микро-климатот. Групното држење на маториците и хуманиот пристап во одгледувањето на свињите во нашите фарми е применето во значаен обем.

- Свињите имаат баласирана исхрана со контролиран квалитет – Храната која што ја користат домашните производители на свињи се оптимизирани според потребите на секоја одделна категорија.Свињите се хранат со природна храна (пченка, јачмен, соја, сончогледово ќуспе, млечни протеини, минерално-витамински додатоци и сл.). Голема е заблудата дека свињите се хранат со “вештачка храна” која што за жал во минатото несреќно e наречена – концентрат. Храната која ја добиваат свињите во македонските фарми се приготвува со помош на специјални компјутерски програми за оптимализирање на исхраната според нивната возраст и дневните потреби.

- Квалитетот на домашното месо е веќе нeоспорен факт – Свежото домашно месо изобилува со неодолив вкус, го задржува својот квалитет и не калира при чувањето и подготовката. Нашето домашно свинско месо заради применетата технологија (генетика, исхрана и начин на одгледување) постојано го подобрува квалитетот. “Македонското сонценце” како знак го следи нашето свинско месо до крајниот корисник за да му потврди дека не згрешил во својот избор!

- Нашите свињарски фарми се грижат за зачувување на животната средина – постојано применување на соодветни решенија за решавање на продуцираниот отпадот (анаеробен и аеробен третман на свинското ѓубре, користењето на арското ѓубре за растителното производство на сопствени и туѓи површини утврдени со договор, компостирање и.т.н). Балансот помеѓу екологијата и земјоделското производство, свињарските фарми го демонстрираат и низ превземените законски обврски (еколошки дозволи).

 
 
01.04.2016 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега