ДУИ: Избори на 5 јуни ќе има и ДУИ ќе оди на тие избори

 
Напуштањето на ДУИ на Владата на Емил Димитириев е како последица на серијата незаконски прислушувани разговори, вели за 24 вести висок владин функционер од ДУИ во оставка.
 
„Не можеме во оваа држава само ДУИ да се грижи за нејзината иднина, институциите имаа обврска да покренат постапка за лицата што објавуваат приватни разговори, но останаа неми. Ова е првиот чекор за предупредување, не значи дека нема да одиме и чекор натаму.
 
Но што ќе се случува има мандат да реши комплетно претседателот Ахмети. И доколку одлуката е да има нови министри, никој од актуелните нема да се врати. Избори на 5 јуни ќе има и ДУИ ќе оди на избори“, изјави за 24 Вести  висок владин функционер во оставка.

 

 
 
01.04.2016 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега