Ѓорчев: Потребно е против СДСМ да се покрене постапка за прогласување на злосторничко здружение
Токму против СДСМ потребно е да се покрене постапка за прогласување на злосторничко здружение, затоа што за време на своето владеење, преку своеволно носење на закони, го овозможи и спроведе најголемиот грабеж на македонскиот народ и граѓаните на Македонија во историјата на оваа држава, а тоа е криминалната приватизација преку која се приграби капитал во вредност од над 5 милјиарди евра, се отпуштија од работа преку 200 илјади работници во сите македонски градови и села, а мал број на директори блиски до раководството на СДСМ станаа милионери и олигарси на грбот на народот и работниците, напиша на својот ФБ профил пратеникот Влатко Ѓорчев.
-Тоа не е единствениот грабеж кој оваа партија со своето делување го направи на Македонија. Покрај криминалите на нивниот премиер Бучковски при набавката на тенковските делови, масовното богатење, преку масовното делење тендери на своето пошироко семејство на актуелниот претседател на СДСМ, неговото барање мито и корупција од бизнисмените како што беше во случајот „Поткуп“, како и криминалите при градбата на „Глобал“ во Струмица, фамозните зделки со Мајкрософт на Шеќеринска и цела низа на афери, тука е и грабежот со пирамидалната штедилница на ТАТ при кој се ограбија парите на 13.000 штедачи кои со труд и пот работеле со години и децении да ги заработат своите заштеди, а притоа овој грабеж предизвика повеќе од 100 самоубиства и неброени семејни драми, хронични заболувања и уништени животи, напиша Ѓорчев.
Жртвите на криминалната приватизација и жртвите на грабежот во „ТАТ“, „Алфа С“ и „Лавци“ и другите штедилници, жртвите приватни бизнисмени од кои е баран поткуп, жртвите на транзицијата и приватизација се живи сведоци кои во судскиот процес ќе посведочат за ова злосторничко здружение кое низ годините се задскрива зад името СДСМ, заклучува Ѓорчев.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа