Доживотен затвор за Тони Станоев за трикратното убиство во Кавадарци

Апелациониот суд ја преиначи пресудата на велешкиот суд кој му изрече казна затвор 40 години на Тони Станоев за трикратното убиство. 

Пресудата на Основниот суд Велес е преиначена во делот на одлуката за кривичната санкција, на начин што обвинетиот со првостепената пресуда е огласен за виновен за три кривични дела убиство, се осудува на казна доживотен затвор – стои во писменото соопштение на Основен суд Велес.

Во текот на судењето Тони Станоев рече дека се кае за стореното дело, а оштетените најавија жалба.

Во телефонски разговор оштетените за Канал 5 велат дека одлуката на Апелација им ја враќа вербата во правниот систем. Веруваат дека доживотен затвор за Станоев ќе потврди и Врховниот суд.

За потсетување, трикратното убиство во Кавадарци се случи во ноември 2014-та година. Станоев со пиштол смртно ги застрела родителите и сестрата на сопругата во нивната семејна куќа.

 
 
01.04.2016 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега