Од утре температурите паѓаат: Што ќе се случува со времето?

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, особено долж Повардарието и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од 18 до 24 степени.

Во Скопје слично време, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

Во наредните денови времето ќе биде стабилно и многу топло за овој период од годината. Само утре ќе има благ пад на температурата. 

 
 
03.04.2016 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега