Груевски во Струмица: Руралните аптеки помагаат на 180.000 жители на мали населени места

Целта на ВМРО-ДПМНЕ е да  помогне на градовите, но и на руралните средини. Руралните средини не само што не треба да бидат заборавени, туку треба да бидат помогнати како што се помагаат со години наназад со земјоделските субвенции, набавка на земјоделска опрема и се што се дава преку програмите за рурален развој и ИПАРД. Во таа насока е и отворањето на 70 рурални аптеки во населените места под 3.500 жители кои покриваат околу 180.000 граѓани.

Ова го порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на Струмица одговарајќи на прашање.

-Покрај на градовите ВМРО-ДПМНЕ исклучително внимание обрнува на руралните места. Сакаме луѓето да се задржат во руралните места, да живеат таму и да не бидат приморани да ги менуваат живеалиштата заради исклучително лоши услови. Проектот „Рурална аптека“ е дел од тоа. Тоа е дел од грижата на ВМРО-ДПМНЕ за луѓето, за граѓаните во селата и во малите населени места. Тие не смеат да бидат заборавени. Тие беа и ќе бидат поддржувани од ВМРО-ДПМНЕ и од коалицијата „ За подобра Македонија“, истакна Груевски.

Тој посочи дека проектот рурална аптека тече одлично и досега се отворени и преку руралните аптеки само во последните шест месеци издадени се над 230.000 лекови на рецепти во овие аптеки.

-Порано вакви аптеки воопшто немаше, а сега ги има 70 кои помагаат на 180.000 граѓани, а ние веќе размислуваме и анализираме дали се потребни и други вакви аптеки кои Фондот ќе ги прифати, ќе им помогне, а со тоа ќе им помогне на илјадници граѓани што живеат во руралните места, рече Груевски.

Тој нагласи дека во минатото не постоеја рурални аптеки во овие места и луѓето беа приморани да одат по неколку десетици километри во поголемите градови за да ги набават неопходните лекови. Некои, како што истакна, тоа можеа полесно да го направат бидејќи имаа автомобил или беа во добра здравствена состојба, некои пак немаа автомобили или беа во тешка здравствена состојба и патувањето им беше тешко и измачувачко, а некогаш и невозможно.

 
 
03.04.2016 - 21:12
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега