Канческа-Милеска: Ќе почне обновата на фасадите во старата чаршија во Струмица

Идната недела Завод и музеј Струмица ќе објави тендер за реконструкција на фасади во Старата чаршија. Во првата фаза ќе бидат опфатени два објекта, а потоа дополнително уште три, истакна министерката за култура Елизабета Канческа Милеска при нејзината посета во Струмица.

– Ова е крупен проект за обнова на фасадите во старите градски јадра и на објектите – споменици на култура. Во Струмица ќе почнеме од старата чаршија на два објекта. Проектите се веќе готови. Добивме конзерваторско мислење од Управата за зашштита на културното наследство. Следната недела, Завод и музеј треба да го распише тендерот, рече Канческа – Милеска.

Овој проект го најави и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој денеска беше во Струмица.

– Владата и министерството за култура планираат реновирање на поголем број фасади во старото градско јадро. Планот е да се опфатат пет во периодот кој е пред нас. Ќе се заштитат објекти кои имаат значење од естетски, од културен или од историски аспект, рече Груевски.

Во следниот период ќе продолжат и активностите и истражувањата на Цареви кули. Министерката Канческа Милевска рече дека ќе биде издадена и монографија за овој значаен археолошки и историски локалитет.

 
 
03.04.2016 - 21:16
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега