ГАЛЕРИЈА: Груевски на отворање на поставката „Исчекори кон Сонцето“ во МНТ

Во Музејот на Македонскиот народен театар вечерва беше отворена новата поставка „Исчекори кон Сонцето“, која концепциски претставува сеќавање на првата театарска сезона 1945/46 година. На отворањето присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на отворањето на поставката рече дека со првата театарска сезона на МНТ започна да се развива приказната за оваа институција, да се остварува сонот на доајените, да изградат свој сопствен македонски народен театар.

– Во оваа поставка се содржани исклучително вредни оригинални предмети кои интимно се поврзани со актерите, режисерите, сценографите, костимографите и другите театарски работници – основоположници на МНТ кои својот ентузијазам, посветеност, својата љубов ја вложија во создавањето на првите десет претстави од сезоната 1945/46 година, истакна Канческа-Милевска.

mnt2-gruevski

(фотографиите се превземени од Република)

Пред присутните гости на отворањето на поставката, меѓу кои и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, директорот на МНТ Дејан Пројковски, програмскиот директор Тони Михајловски, авторите на музејската и виртуелната поставка Јасмина Намичева, Ивана Јарчевска и Михаил Намичев, како и бројни актери и други уметници, Канческа-Милевска најави дека Владата и Министерството за култура и натаму ќе го промовираат Македонскиот народен театар на европската и светска театарска мапа, како двигател на новите професионални стандарди во областа на театрологијата, на новите форми на театарска едукација, како промотор на театарот како интерактивен „медиум на новото време“.

mnt4-gruevski

Таа изрази благодарност и до сите граѓани кои подарија или од кои се откупени експонати за оваа збирка која, како што нагласи, е голем придонес во зачувувањето на нашата колективна културна меморија.

mnt5-gruevski

mnt3-gruevski

mnt0-gruevski

Повеќе фотографии на РЕПУБЛИКА

 
 
04.04.2016 - 00:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега