Острени со иницијатива за промена на Уставот: Албанскиот да стане службен јазик
Лидерот на партијата “Унитети”, Гзим Острени денеска покрена граѓанска иницијатива за измената на уставот на Македонија. Во првиот дел оваа партија бара намалување на законскиот минимум на потписи за покренување иницијативи за измени на самиот устав кои сега се дефинирани со 150 000 потписи од граѓани или поддршка од 30 пратеници. “Унитети” предлагаат и да се пристапи кон измена на преамбулата на уставот, овозможување службена употреба на албанскиот јазик и писмото, како и измени и во однос на изборот на претседател на државата и собранието на Македонија. Оваа партија предложува и измени на уставните одредби за носење на одлуките на уставниот суд, распоредување на државниот буџет и друго.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа