Попоски во Лондон на панел-дискусија за мигрантската криза

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на панел-дискусија на тема „Дали Европа има потреба од нов пристап кон миграцијата,” што денеска попладне се одржува во Лондон, Велика Британија.

На настанот, соопшти денеска МНР, ќе се дискутираат актуелните прашања и предизвици со кои се соочува Европа во светло на мигрантската криза, со осврт врз ангажманот на владите и останатите релевантни чинители во справувањето со истата. Посебен акцент, се посочува, ќе биде ставен на можните решенија и евентуалниот нов пристап во менаџирањето на хуманитарниот, безбедносниот и останатите аспекти на мигрантската криза.

Панел-дискусијата е во организација на Кралскиот институт за меѓународни односи „Чатам Хаус

 
 
04.04.2016 - 16:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега