Тачи: ДПА на ничија страна околу датумот за изборите

 

Лидерот на ДПА Мендух Тачи не сака да зазема страна кога станува збор за одржување на изборите закажани на 5 јуни. Претседателот на ДПА денеска по средбата со директорот на директоратот за проширување на ЕУ Христијан Даниелсон рече дека нема сака да коментира дали има услови за одржување на изборите.

„Не би сакал во овие 48 часа да коментирам во врска со тоа дали се исполнети сите услови за одржување на изборите закажани за 5 јуни, за да не бидам сфатен дека и давам поддршка на едната или на другата страна. Она што можам да го кажам е дека на Македонија и се потребни фер и демократски избори“ – рече Тачи по средбата со Даниелсон. 

 
 
05.04.2016 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега