Петта меѓународна истражувачка конференција на НБРМ
Во организација на Народната банка на Република Македонија, денеска и утре во Скопје ќе се одржи Петтата меѓународна истражувачка конференција на тема: „Преносни ефекти од економскиот и финансискиот циклус: преиспитување на домашните и прекуграничните канали и одговорите на политиките“.
Како што соопшти НБРМ, конференцијата, којашто традиционално се организира по повод одбележувањето на годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија, а годинава е во знакот на одбележувањето и на 70 години од централнобанкарските активности во Република Македонија, на едно место ќе ги спои истражувачите од академската заедница и институциите носители на политиките и ќе обезбеди дискусија заснована врз истражувања и совети коишто се релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.
Во рамки на настанот ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа