Двочасовен прекин на сообраќајот на патот Кичево - Охрид
Патниот правец Кичево - Охрид меѓу Пресека и селото Врбјани денеска од 13 до 15 часот ќе биде во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.
Причина за прекинот е изведувањето работи на пат, односно минирање на патот.
На останатите патни правци сообраќајот ќе се одвива без забрани по суви коловози.
07.04.2016 - 09:11
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа