Наумов: Домашните кредитори да знаат дека дополнителниот заменик министер не потпишал ниту една одлука на министерот за финансии

Претседателот на Комисијата за финансии на СДСМ Кире Наумов, реагира на одлуката на Владата да ги поништи сите одлуки Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика кои се без потпис на Дополнителните заменици министри.

Наумов вели дека за да се оправда оваа одлука нема да биде изненадување во наредниот период овој состав на Владата ако ги поништи и одлуките во Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се без согласност од дополнителните заменици министри.

Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на Министерот за финансии не му е доставена на Дополнителниот заменик министер за согласност и потпис. Во пресрет на утрешната аукција на државни хартии од вредност, сите наредни аукции, а се разбира и веќе завршените, оваа  информација сметам  дека треба да ја имаат во предвид сите домашни кредитори, стои во соопштението од Кире Наумов.

 
 
11.04.2016 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега