Сител: 10 годишно девојче се бори за живот на скопските Клиники

Десет деца и три возрасни лица се повредени во сообраќајната несреќа која денес околу 12 часот и 40 минути се случи на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.

Од СВР Тетово информираат до несреќата дошло откако патничкото комбе „Форд турнео“ излетало од коловозот.

-Од излетувањето на возилото, кое потоа се превртело на покрив, вкупно 13 лица задобиле различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот 47-годишниот К.М. и две женски лица на возраст од 42 и 72 години, моментно се во гостиварската болница каде им се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување, соопштуваат од СВР Тетово.

Полицијата наскоро ќе започне увид на местото на несреќата

 
 
11.04.2016 - 21:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега