Клековски: Фокусот е врз тоа да се обезбедат услови за да има избори
Во анализа на ТВ Нова, Сашо Клековски зборуваше за ОБСЕ, притисоците на меѓународната заедница и притисокот врз најголемите партии во земјава.
Тој смета дека фокусот на сите е ставен врз тоа да има избори, а не да се бојкотираат истите.
-Разликата во однос на април е тоа што ОБСЕ ја воспостави својата мисија за изборите. Тие во моментов го анализираат текот на работите. Фокусот на сите е ставен врз тоа како да се обезбедат услови за да има избори, а не на одлагањето на истите. Притисокот е паднат врз ВМРО ДПМНЕ И СДСМ да се договорат, иако во некои моменти ми се чини дека притисокот е повеќе насочен кон СДСМ, рече тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа