Со претставата Шекспир вечерва ќе биде затворен 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“

 

На сцената на амфитеатарот во „Стоби “ вечерва со доделување на наградите свечено ќе биде затворен 12. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби 2013“.

На фестивалот во конкуренција за наградата терекатно статуетка Афродита и паричен дел годинава се натпреваруваа три претстави: од  Градскиот театар од Истанбул, Градскиот театар од Суботица и Драмскиот театар од Скопје. За наградите за најдобра женска и машка улога, за најдобра режија и гран-при за најдобра претстава вечерва ќе одлучи жирито во состав Зорица Панчиќ, Крсте Џидров и Нела Витошевиќ.

Во чест на наградените ќе биде одиграна претставата „Шекспир во приказни“ во режија и кореографија на Кери.К.Невзати по текстови од Вилијам Шекспир во изведба на Турскиот  театар од Скопје. Претставата неодамна беше изведена на сцената на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес..

Претставата „Шекспир во приказни“ раскажува приказна за оттуѓеноста меѓу луѓето, недовербата која ја гаиме еден кон друг. Тоа е претстава за потребата грдите внатрешните пориви и конфликти да ги пренесеме на оние кои не опкружуваат, потрага по себе си и по сродниот на себе,т ежнеење кон љубовта и истовремено неможноста таа да се прими, целосно опседнатоста со моќ и желба за доминација, која несомнено води кон пропаст и смрт.

ФОТО: Сител.мк

најчитано сега