ВМРО-ДПМНЕ: Не се согласуваме со Иванов - сите што направиле криминал мора да одговараат

 

Тие што ја предизвикаа политичката криза преку интриги, подземни сценарија, деструктивно однесување кое е спротивно на интересите на народот и државата треба и мора да одговараат.

Ставот на ВМРО ДПМНЕ кон сето ова што се случува во државата е јасен, не може да не одговараат луѓето кои повеќе од година и пол ја држеа Македонија во заложништво, ги кршеа законите, ги уриваа институциите на државата и го закрвуваа народот. 

ВМРО ДПМНЕ со фрапираност и неверување ја проследи прес конференцијата на Претседателот Ѓорге Иванов. ВМРО ДПМНЕ не се сомнева дека Претседателот Иванов секогаш имал чесни и добри намери и постапки, водејќи се од националните и државни интереси и идејата за национално помирување и единство, кое сметаме дека е секогаш потребно.

Сепак во конкретниов случај би сакале да изразиме силно несогласување со оваа негова постапка. Сметаме дека со овој потег, се оневозможува нашата воља и напор да серазобличат сите конструкции, лаги и манипулации,  кои ни беа наметнувани и  беа насочени кон нас како дел на едно однапред смислено сценарио. 

Со многу работи со претседателот Иванов сме се согласувале и имаме високо мислење за него, затоа што секогаш се водел од државниот и национален интерес, но ова е прашање за кое имаме сериозни и длабоки несогласувања.

 
 
12.04.2016 - 18:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега