Заев: Не прифаќам аболиција - Иванов да си поднесе оставка
По одлуката на Иванов да ги оаболира сите политичари во државата се огласи опозицијата. Според првиот опозиционер денеска се случил државен удар, а Иванов се придружил кон злосторничкото здружување во власта. Понатаму додаде со оваа одлука на Иванов бил погребан Договорот од Пржино и јавно побара да поднесе оставка бидејќи ја довел државата во вонредна состојба.
“Ниту барав, ниту прифаќам аболициja, не се сме сите криминалци. Човекот што украл 100 ќебачиња е во затвор, а криминалците во власта се на слобода”- изјави Заев.
12.04.2016 - 18:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа