Британскиот амбасадор се огласи по одлуката на Иванов
Британскиот амбасадор Чарлс Гарет испрати порака на Фејсбук по бројните барања на новинарите за реакција по одлуката за аболиција на Иванов:
“Денешната изјава на претседателот бара појаснување. Ако одлуката е да се аболираат политичарите се однесува на истрагите околу сомненијата содржани во прислушуваните разговори, тогаш тоа е предмет на сериозна загриженост. Целосната истрага на овие сомненија, и соодветен законски процес, се клучни елементи на договорот од Пржино. Како такви тие се централни на секое трајно решение на актуелната политичка криза.”
12.04.2016 - 18:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа