ФОТО: Семејството моли за помош - исчезната девојка во Струмица
Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од завчера (11 април) утрото и се губи секаква трага, објави порталот струмицаденес.мк.
Девојката е родена 1999 година и живее во струмичко Пиперево. Откако вчера утрото во 7.30 излегла од својот дом за училиште (девојката е 3-та година во „Димитар Влахов“) се упатила во непознат правец.
Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко кој рекол дека сигналот на телефонот и се загубил во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците. Мануела од дома била облечена во тексас палто, фармерки и патики.
Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа