Исчезна средношколка од струмичко - родителите молат за помош
Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од 11 април утрото и се губи секаква трага.
Девојката има 17 години и живее во струмичко Пиперево. Таа во 7 часот и 30 минути излегла од својот дом за училиште, се упатила во непознат правец и од тогаш и се изгубила секаква трага.
Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко кој не информираше и дека сигналот на телефонот и се губи во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците.
Девојчето на себе носело тексас палто, фармерки и патики.
Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа