Во Кумановско 85 отсто од млекопроизводителите поднеле барање за субвенции

 
Речиси 85 проценти од производителите на млеко од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане досега поднеле барање за субвенции  до подрачната единица на Mинистерството за земјоделство, водостопанство и шумарство за произведено и предадено млеко во производните капацитети, информираа денеска надлежните од подрачната единица.
 
- Деновиве очекуваме и останатите сточари да ги достават фактурите за произведено и предадено млеко за октомври, ноември и декември минатата година, кои ќе бидат ажурирани, изјави раководителот на подрачната единица, Насер Даути.
 
До денеска апликација поднеле 930 сточари за последните три месеци од 2015-тата година. Од Подрачната единица очекуваат за субвенции за млеко до крајот на април  да аплицираат 1.300 производители на млеко, од кои 80 отсто за произведено и предадено кравјо млеко, а 20 отсто за овчо и којзо млеко.
 
Во меѓувреме, нагласи Даути ќе започне  и програмата за финансиска поддршка за земјодeлството за 2016-та која е предвидена  од Владата на РМ, при што во начинот на аплицирање има воведено измени со кои аплицирањето е поедноставено.
 
- Новитет е што сите земјоделци, апликанти што ги имаме евидентирано во фармрегистарот, периодично ќе бидат информирани. Годинава им е овозможено да аплицираат по електронски пат без разлика дали се правни или физички лица. Останува можноста да аплицираат и кај нас во Подрачната единица, во Агенцијата за поттикнување и развојот на земјоделството, истакна Даути.

Тој информираше дека придобивките се повеќекратни, земјоделците ќе добијат директен пристап до програмата, ќе се намалат турканиците во подрачните единици, а секој апликант кој го има уредено досието во фармрегистарот ќе може да аплицира и од дома.

 
 
13.04.2016 - 16:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега