Несреќа ја потресе Гевгелија: Младо момче итно на Ургентен
Во 11 часот и 15 минути во Гевгелија, на раскрсницата од улиците „Петар Мусев“ и „Маршал Тито“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Ауди А-4“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 49-годишниот Р.Р. од Гевгелија и моторцикл „Хамачи 250“ без регистарски ознаки, управуван од 22-годишниот Д.Г. од Гевгелија.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.Г. кој по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар-Гевгелија, поради сериозноста на здобиените повреди во пределот на главата, бил пренесен во Ургентен центар-Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од полицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа