Груевски најави 1.000 нови вработувања
Навистина правиме се, економскиот тим на Владата каде што ВМРО-ДПМНЕ има најголем дел од министрите, прави максимум да ги задржи инвеститорите со кои што до сега преговаравме, еве последно што објавивме е со позната германска компанија која што се вика „СТС Текстаил“ за Демир Хисар да отворат фабрика, луѓето кажаа дека за почеток ќе отворат 150 луѓе, а дека ќе дојдат до бројка од 1000 луѓе, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во гостувањето во Дневникот на Канал 5.
-1000 луѓе за Демир Хисар е сериозна бројка на вработувања. Со нив сме во една подлабока фаза, очекувам некаде за две до три недели да се потпише договорот и некаде во текот на летото да почне производство, да почнат првите вработувања на невработени лица во Демир Хисар и демирхисарскиот регион.
Со многу луѓе, додаде Груевски, владиниот тим е во во финални преговори, со многу компании, меѓутоа ова го става под знак прашање сето тоа и затоа важни се изборите, да помине 5 јуни, да продолжи нашата борба за посреќна и побогата Македонија.
-Посилна држава, со поголем број на работни места кои се нудат и со повисоки плати, да продолжи да функционира Парламентот затоа што без Парламент како што е сега не може ни пензии да се зголемат, не може закони да се носат, не може ни позитивни прописи да се донесат во Македонија кои дополнително ќе и помогнат на различни категории на граѓани, вели Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа