Какви ќе бидат новите цени на бензините?
После двегодишниот конфликт помеѓу Русија и Саудиска Арабија, двете земји постигнаа договор за замрзнување на производството на нафта на нивото на производството во јануари оваа година, пренесуваат руските и саудиските медиуми.
Поради тоа, на светскиот пазар повеќе нема да има поголема понуда од побарувачка, а тоа ќе резултира со зголемување на цената на нафтата. Со договорот на Москва и Ријад завршува ерата на рекордно ниските цени на нафта: Во последните две години цените паднаа од 115 на под 30 долари по барел.
Откако започнаа да кружат гласините дека можно е да дојде до „историскиот договор“ помеѓу двете земји, цената на нафтата на светскиот пазар скокна за 44 долари по барел. Експертите предвидуваат дека до крајот на цената ќе скокне до 70 долари за барел.
За македонските возачи, тоа ќе значи дека литар бензин од цената меѓу 60 и 65 денари по литар ќе скокне на цена меѓу 75 и 85 денари по литар.
Инаку, според последната одлука на Регулаторната Комисија за енергетика, бензините поскапеа за половина денар, додека Дизелот поевтини за еден денар.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 63,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 21.03.2016 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 44,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 32,50 ден/лит.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа