Информативни сесии за вклучување на жени Ромки на пазарот на трудот

 

Македонски центар за женски права ШЕЛТЕР ЦЕНТАР Скопје, денеска и утре организира Информативни сесии како дел од активностите на проектот „Поддршка за инклузија на жените Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на труд“.

Информативните сесии, кои ќе се одржат во хотелот „Оринџ инн“ во Скопје, како што соопштија од организацијата, се дел од проектот поддржан од ЕУ за Централно  финансирање   и   склучување договори (ЦФСД) и се однесува на поддршка за вклучување на жените Ромки и жените од други етнички малцинства на пазарот на труд.

Целта на проектот е поттикнување на социјалната инклузија на маргинализиралните жени, со посебен фокус на жените Ромки, но и на жените припаднички на другите етнички заедници и создавање на еднакви можности за сите нив за пристап на пазарот на труд.

Во рамки на проектот ќе учествуваат 60 жени и тоа по 20 од градовите Скопје, Битола и Куманово. Ќе им бидат овозможени професионални советувања и помош при наоѓање работа, обуки согласно нивните потреби како за пишување биографија, мотивациски писма и однесување за време на интервју за работа, потоа курсеви за стручен и општ развој, јазични и основни компјутерски вештини, како и обуки за работа. Во рамки на проектот ќе се изготви и имплементира специјален план за вклучување на нивните сопрузи во надминување на посочените предрасуди.

 
 
19.04.2016 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега