Претседателот Иванов на отворањето на 11. извидничка смотра на Сојузот на извидниците
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе го посети извидничкиот камп во село Скребатно и ќе се обрати на отворањето на 11. извидничка смотра на Сојузот на извидници на Македонија.
На отворањето на смотрата ќе се обратат и Андреас Демарелс од Европскиот извиднички комитет и претставник на Агенцијата за млади и спорт.
Сојузот на извидниците на Македонија оваа година прославува 60 години од своето постоење. Мотото на смотрата е „Засекогаш млад“ и го симболизира извидничкиот дух и постојаната работа со младите како стремеж кон градење исполнети контруктивни личности во општеството.
На смотрата, која има и интернационален карактер, ќе учествуваат претставници на сите извиднички (поречански) одреди од земјата и извидничките сојузи од светот. Се очекува на смотрата да присуствуваат од 500 до 800 извидници од сите категории. Според организаторот, ова е најголемиот младински настан оваа година во Република Македонија.
Настанот е под покјровителство на претседателот на Република Македонија, началникот на Генералштабот на АРМ и Агенцијата за млади и спорт, а генерален спонзор е П.И. „Витаминка“ А.Д. Прилеп