Меџити: Горна Македонија е прифатлив прдлог - владата може да падне секој ден

Горна Македонија е прифатлив предло за ДУИ. Потпретседателот на интегративците и градоначлник на општина Чаир во интервју за Радио Слободна Европа вели дека за неговата партија во повеќе наврати изнела став дека за неа е прифатливо секое име кое нема да има предзнак југословенски.

„Наш став беше дека нема да прифатиме име коишто ќе има предзнак југословенски и две-три коишто беа спорни, а сè друго е прифатливо. И Горна Македонија, ние уште на самиот почеток јавно кажавме дека е прифатлив предлог“ - вели Меџити за РСЕ.

Меџити го повтори партискиот став дека ДУИ не е за предвремени избори бидејќи како што рече, партијата сака да се посвети на решавање на проблемите.

„Ние сме само дел од политичкиот мозаик во Република Македонија. Нашиот став е дека и ние и народот сме уморни од избори, премногу ги имаше, ние сме повеќе да се осврнеме и да ги решиме проблемите, па и името, отколку цело време да се оди на предвремени избори“ - вели Меџити.

Меџити вели дека секој ден постои шансата неговата партија да донесе одлука да ја напушти владината коалиција доколку не се најде решение за името

„Таков став треба да донесе централното претседателство, до денес нема таква одлука, може тоа да се случи утре, задутре или подоцна. Штом не сме излегле од владата, тоа значи дека сè уште има простор за нашите заложби“ - вели Меџити за РСЕ

најчитано сега