Герет Бејл сака во Манчестер Јунајтед
И покрај големата желба на Андре Вилаш-Боаш да го задржи во Тотенхем, како и желбата на Реал Мадрид да го донесе на „Сантијаго Бернабеу“, Герет Бејл се надева на трансфер во Манчестер Јунајтед, јавуваат англиските медиуми.
Според објавените информации, англискиот шампион му понудил на Тотенхем 60 милиони евра за велшкиот репрезентативец, но како и многуте други во летниот преоден рок, така и оваа била одбиена од раководството на „спарси“.
Од друга страна, синоќа во Шпанија како трансфер бомба беше најавено дека Бејл доаѓа во Реал кој подготвил 80 милиони евра за ѕвездата на Тотенхем.
Трите опции околу иднината на еден од најбараните фудбалери во летниот преоден рок остануваат во игра, но по денешното изјаснување дека тој сака кариерата да ја продолжи на „Олд Трафорд“ предност добива Манчестер Јунајтед