Снема пиво на Пиво Фест во Прилеп

Над 112 тони пиво беа испиени само во текот на вчерашната вечер во Прилеп, јавува репортерот на Курир

На неколку штандови по полноќ дури и снемало пиво, па посетителите биле препраќани на други штандови или по кафулињата. Сепак се очекува во текот на денот на Пиво фест да пристигнат дополнителни количини на пиво кои ќе ги задоволат потребите на посетителите на оваа манифестација.

Над 150.000 лица вчера уживале во настапите на Миле Кузмановски, Соња Тарчуловска, Даниела Мартиновиќ и Халид Бешлиќ.

Во текот на вчерашната вечер изедени биле и 41 тон скара.

најчитано сега