Двајца возачи повредени во директен судар кај Камењане
Вчера во 15,45 часот на регионалниот пат Тетово-с.Пирок, кај с.Камењане, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(1989) од с.Горно Седларце и „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ј.Р.(1978) од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил С.И., кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Тетово е пренесен во УЦ-Скопје, а со телесни повреди се здобил Ј.Р., кој по укажаната лекарска помош во МЦ-Тетово е пуштен на домашно лекување. Увид на лице место извршила увидна екипа од Полициската станица Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа