Груевски: Во вторник потпишуваме договор за Јужен Тек
Премиерот Никола Груевски денес информираше дека делегација од Македонија уште утре ќе се упати во Москва за да го потпише договорот.
-Морам да кажам дека ова е исклучително значаен проект за нас затоа што ја гарантира енергетската стабилност на Македонија. Се обезбедуваат нови количини на гас кои ќе направат и проектот за внатрешна инфраструктура за преносот на гас во Македонија да добие една поголема смисла бидејќи внатрешната инфраструктура за која исто така имаме зацртано план како да ја реализираме зависи од тоа дали ќе имаме доволни количини на час, истакна Груевски.
Тој додаде дека со склучувањето на договорот за Јужен тек сите други понатамошни операции за гасификација на Македонија, за градење на внатрешна инфраструктура на гасоводи добива смисла.