Мигрант од Прифатен центар Табановце преживеал хорор

Вчера околу 12.00 часот во село Ваксинце, општина Липково, неколку непознати лица извршиле разбојништво врз А.Т. од Сирија.

А.Т. излегол од Прифатниот центар Табановце да оди во продавница во село Ваксинце, но по пат бил пресретнат од сторителите кои, заканувајќи му се по неговиот живот, му побарале пари.

Откако им рекол дека нема, сторителите физички го нападнале и му одзеле 10 евра и 2.400 денари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 
 
27.04.2016 - 14:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега