Страшна сообраќајка ја потресе Македонија: Двајца повредени

Вчера во 22 часот и 20 минути на патот Радовиш-Штип се случила сообраќајна незгода во која 40-годишниот Д.С. од Штип, управувајќи патничко моторно возило „Голф“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над истото и излетал од патот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците Д.Т. (64) и А.Г. (38), двајцата од Штип, кои по укажаната лекарска помош во Медицински центар-Штип се пуштени на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата.

 
 
28.04.2016 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега