Загубил контрола и удрил во столб: Уште еден живот згасна во Македонија

Во 11 часот и 50 минути на регионалниот пат Скопје-Тетово кај местото „Добарски подвозник“, се случила страшна несреќа. Возило „Хјундаи“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 31-годишниот Р.М. од Тетовоизгубило контрола, излетало од коловозот и удрило во бетонски столб од надвозникот.

Според податоците, во незгодата со тешки телесни повреди се стекнале Р.М. и сопатникот, 38-годишниот М.М. од Тетово, кои се пренесени во Клиниката во Тетово.

За жал, совозачот починал поради сериозноста на повредите.

Возачот е донесен на Ургентен.

 

 
 
04.05.2016 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега